
Драматична ноќ ги вознемири жителите на Зелениково, откако пожар се проширил кон последниот ред куќи на ридот над населеното место и се доближил опасно близу до домовите.
За случувањата информираше Стојанче Ангелов, кој околу два часот по полноќ добил повик од жителка на Зелениково која го известила дека огнот се приближува кон куќите.

















