
Жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, ќе одговара откако, според пријавеното, ја злоупотребил службата на Итната медицинска помош и се однесувал недолично кон медицинската екипа.
Случајот бил пријавен на 14 август во ОВР Кочани од лекарка од Итната медицинска помош во Кочани.
Според пријавата, на 13 август околу 19:15 часот, 55-годишниот Ф.А. повикал Итна медицинска помош во својот дом, барајќи лекарска помош за неговата мајка.
Екипата веднаш се упатила на адресата, но по пристигнувањето, според пријавеното, било констатирано дека повикот бил злоупотребен.
Мажот, како што е наведено во пријавата, се однесувал недолично кон медицинските работници и им упатувал закани.

















