УТРО.мк

Затекнати додека подметнуваат пожари: Уапсени две лица во Битола и Прилеп

Затекнати додека подметнуваат пожари: Уапсени две лица во Битола и Прилеп
Vero

Две лица се лишени од слобода откако биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 14 август во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола. Тој бил затекнат на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“, додека предизвикувал пожар на отворен простор.

Претходно, на 13 август во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп, кој исто така бил затекнат при предизвикување пожар на отворен простор, на местото викано „Падарица“. Кај него била пронајдена и запалка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin