УТРО.мк

Проданоски: Прилеп е подготвен, Македонија во срцето – голем музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Проданоски: Прилеп е подготвен, Македонија во срцето – голем музичко-сценски спектакл за 35 години независност
Vero

Прилеп на 19 август ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, со кој ќе биде одбележана 35-годишнината од независноста на Република Македонија.

На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе настапат повеќе од 100 македонски уметници, во музичка програма која ќе ги обедини различните генерации и ќе понуди песни што се дел од македонското колективно паметење.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика прилепчани, но и граѓаните од целата држава, да бидат дел од прославата и заеднички да го одбележат значајниот јубилеј.

„Ова ќе биде вечер заедно да го почувствуваме она што нè поврзува – љубовта кон татковината, македонската песна, културата, традицијата и гордоста што ја носиме во себе“, порача Проданоски.

Според најавата, настанот е замислен како вечер исполнета со музика и сцена, со која ќе се прослават македонската култура, традиција и заедништво.

Спектаклот „Силно светнал ден“ ќе се одржи на 19 август со почеток во 20:30 часот на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“.

„Ве поканувам сите, млади и возрасни, прилепчани и гости од цела Македонија, да бидеме заедно на плоштадот и достоинствено да одбележиме 35 години независна Македонија“, порача градоначалникот.

„Прилеп е подготвен. Македонија во срцето!“, порача Проданоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin