УТРО.мк

УХМР предупредува: Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

УХМР предупредува: Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата
Vero

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме.

Според временската најава, локално се очекуваат пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а можна е и појава на град. Услови за нестабилно време има во поголем дел од земјата, додека според објавената карта, исклучок се Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и околните подрачја.

Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 28 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin