
Во 00:28 часот утрово, на 14 август, беше активиран Тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, составен од 20 доброволни пожарникари, кои се упатија во село Лознани како поддршка на битолските пожарникари.
Доброволните пожарникари се вклучија во одбраната на селото и дадоа значаен придонес во спречувањето на огнот да предизвика поголема опасност за жителите и имотите.
Нивната работа не заврши со локализирањето на најопасните делови од пожарот. Тимот и понатаму е на терен и работи на догаснување на остатоците од огнената стихија.
Храброста, пожртвуваноста и подготвеноста да се излезе на терен во текот на ноќта, кога ситуацијата е најтешка, се уште еден доказ за важноста на доброволните пожарникари во борбата со огнените стихии.
20 доброволни пожарникари застанаа во одбрана на Лознани – без двоумење, во најкритичните часови, таму каде што беа најпотребни.

















