
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок на терен посветен на изградбата на автопатот Охрид–Кичево.
Средбата се одржала во кампот во Извор, каде што бил разгледан текот на работите и реализацијата на задачите на една од најзначајните патни делници во земјава.

Николоски информира дека изградбата продолжува со силна динамика и дека паралелно се работи на решавање на сложените инженерски проблеми кои се појавуваат во текот на реализацијата.
„Се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. Силна координација и силна динамика на терен“, истакна Николоски.

Според него, автопатот се гради согласно предвидената динамика, а сите комплексни задачи се реализираат преку постојана координација меѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите.
Работниот состанок на терен, како што може да се заклучи од објавата, е дел од континуираното следење на реализацијата на проектот и координацијата меѓу институциите и компаниите вклучени во изградбата.
Николоски потенцира дека фокусот останува на одржување на силната динамика на работите и навремено решавање на инженерските предизвици со цел изградбата на автопатот Охрид–Кичево да продолжи според планираното.

















