УТРО.мк

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот рамковен договор, еднаквоста станува закон, развојот забрзува, европскиот пат се зајакнува

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот рамковен договор, еднаквоста станува закон, развојот забрзува, европскиот пат се зајакнува
Vero

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата.

На настаните учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, како и министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати.

Од ВЛЕН порачаа дека Охридскиот рамковен договор не претставува само дел од историјата, туку и обврска за сегашноста и иднината на државата.

„25 години по неговото потпишување, принципите на Охридскиот договор се преточуваат во закони, институции и конкретни инвестиции“, велат од ВЛЕН.

Според коалицијата, правичната и соодветна застапеност се институционализира преку законски решенија, додека процесот на децентрализација се надополнува со финансиска поддршка и инвестиции во општините со мнозинско албанско население.

Од ВЛЕН наведуваат дека повеќе од 250 милиони евра се насочени кон локални проекти, додека инвестициите во Коридорот 8 и автопатот Скопје–Блаце треба дополнително да ја поврзат земјата со Косово, Албанија и европскиот пазар.

Во фокусот е и образованието. За новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ се предвидени околу 42 милиони евра инвестиции, а паралелно се издвојува поддршка и за културните проекти од значење за албанската заедница.

Од ВЛЕН оценуваат дека пораката 25 години по Охридскиот рамковен договор е јасна – еднаквоста треба да биде загарантирана со закон, развојот да биде видлив во сите општини, а европскиот пат на земјата дополнително да се зајакнува.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin