
Двајца жители на Тетово биле лишени од слобода откако полицијата при контрола на автомобил пронашла и одзела бела прашкаста материја.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 август, околу 23:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово презеле мерки на улицата „Иво Рибар Лола“, каде што бил запрен автомобил „мерцедес“ со германски регистарски ознаки.
Во возилото се наоѓале А.С. (43) од Тетово, кој го управувал автомобилот, и С.М. (42), исто така од Тетово, кој бил сопатник.
При извршениот преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле бела прашкаста материја.
Двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

















