УТРО.мк

Физички напад пред пешачки премин: Жена се нафрлила врз 15-годишно девојче

Физички напад пред пешачки премин: Жена се нафрлила врз 15-годишно девојче
Vero

Петнаесетгодишно девојче било физички нападнато од жена која управувала патничко возило, во сообраќајна ситуација што се случила во центарот на Скопје.

Случајот во полиција го пријавил 45-годишен скопјанец, татко на малолетничката, на 13 август во 19:00 часот во СВР Скопје.

Според пријавеното, инцидентот се случил истиот ден околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, пред пешачки премин. Во тој момент, женско лице кое управувало патничко возило физички ја нападнало неговата 15-годишна ќерка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin