УТРО.мк

Скопјанка нападнала вработена во обезбедување на државна институција, па се нафрлила и врз полицаец

Скопјанка нападнала вработена во обезбедување на државна институција, па се нафрлила и врз полицаец
Vero

Вработена во обезбедување на државна институција во Скопје пријавила дека била физички нападната на своето работно место од 48-годишна скопјанка, која потоа агресивно се однесувала и кон полициски службеник.

Случајот бил пријавен на 13 август во 18:50 часот во СВР Скопје.

Според пријавеното, 42-годишната Б.П. од Скопје околу 15:00 часот, додека извршувала работни задачи како обезбедување на влезот во државната институција, била физички нападната од Е.П. (48) од Скопје.

Од МВР дополнително информираат дека 48-годишната скопјанка продолжила со агресивно однесување и кон полициски службеник кој во моментот преземал службени дејствија.

Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што од СВР Скопје најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin