УТРО.мк

Уште еден земјотрес во Македонија

Уште еден земјотрес во Македонија
Vero

Уште еден земјотрес денеска е почувствуван во западниот дел од Македонија, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран во 16:10 часот, со епицентар во тетовско-гостиварското епицентрално подрачје, на околу 47 километри југозападно од Скопје.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот имал локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Потресот бил почувствуван од жителите на Гостивар и околината, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin