УТРО.мк

Битолчанец нападнал обезбедување во казино

Битолчанец нападнал обезбедување во казино
Vero

Полицијата во Битола лишила од слобода 49-годишен битолчанец, кој физички нападнал вработен во обезбедувањето на казино во комплексот „Нов Пазар“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 август околу 23:50 часот на улицата „Довлеџик“.

Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Б.А. (49), кој во казиното физички го нападнал Е.Д. (34) од село Наколец, ресенско.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 49-годишникот ќе следува соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin