
Московскиот регион во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август беше цел на еден од најмасовните напади со беспилотни летала во последниот период, а по нападите избувнаа големи пожари на неколку логистички и индустриски објекти.
Особено големо внимание привлекува пожарот во огромниот логистички центар на рускиот онлајн-трговец Wildberries во Коледино, во близина на Подолск. Станува збор за најголемиот и еден од најоптоварените дистрибутивни центри на компанијата, со површина поголема од 200.000 квадратни метри, а според некои извори и до околу 250.000 квадратни метри.
Снимки објавени на социјалните мрежи и од локални канали покажуваат огромен пожар кој зафатил делови од комплексот. Поради размерите на огнот се појавија проценки дека објектот би можел да претрпи катастрофална штета, но во овој момент нема официјална потврда дека целиот магацин е уништен.
https://x.com/i/status/2088872705038733558

















