
На социјалните мрежи се проширија снимки и тврдења за сериозен конфликт меѓу припадници на чеченската и мароканската заедница во САД, кој наводно завршил со физичка пресметка и присилно извинување.
Според објавите што кружат на локални канали и профили на социјалните мрежи, инцидентот започнал откако неколку Мароканци наводно навредувале жена од чеченската заедница и ѝ упатувале недолични предлози.
По информацијата за настанот, според истите извори, припадници на чеченската дијаспора започнале да ги бараат лицата за кои се тврдело дека биле вмешани во инцидентот.

















