УТРО.мк

Четворица повредени во тешка сообраќајка на автопатот Скопје–Тетово

Четворица повредени во тешка сообраќајка на автопатот Скопје–Тетово
Vero

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на автопатот Скопје–Тетово, во атарот на селото Ласкарци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 21:45 часот. Патничко возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Е.К. од селото Палатица, удрило во заштитната ограда, по што излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници – 19-годишниот М.С. и 15-годишен малолетник. Уште еден сопатник, 20-годишниот Е.К., се здобил со телесни повреди.

Повредите на сите четворица биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За сообраќајната несреќа бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Причините и околностите под кои дошло до несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin