УТРО.мк

Следува ново зголемување на пензиите

Следува ново зголемување на пензиите
Vero

Пензионерите во Македонија во септември се очекува да добијат ново зголемување на пензиите, кое овојпат би било процентуално и би зависело од висината на пензијата.

По неколкуте линеарни зголемувања во изминатиот период, при што сите пензионери добиваа ист номинален износ, следното усогласување се очекува да се пресметува според процент. Тоа значи дека пензионерите со повисоки примања би добиле и поголем износ во денари.

Точниот процент на зголемување сè уште не е официјално утврден. Конечната пресметка ќе зависи од економските показатели кои треба да бидат познати пред усогласувањето.

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, од септември 2024 до март 2026 година пензиите во неколку наврати беа линеарно зголемувани, при што вкупното зголемување достигна околу 7.000 денари.

Новото усогласување доаѓа во период кога пензионерите се соочуваат со зголемени трошоци за храна, сметки, лекови и останати секојдневни потреби.

Колку точно ќе изнесува зголемувањето за секој пензионер ќе биде познато по објавувањето на конечниот процент на усогласување. Пензијата за септември, доколку усогласувањето биде спроведено според најавите, ќе се исплаќа во октомври.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin