УТРО.мк

Пожарот се приближи до Чаниште, зафатени неколку куќи

Пожарот се приближи до Чаниште, зафатени неколку куќи
Vero

Пожарот што избувна во прилепскиот регион навлезе во делови од селото Чаниште, при што огнот зафатил неколку куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според првичните информации, пожарот зафатил неколку стари и напуштени куќи, а најверојатно и една куќа во која живеат жители.

За среќа, засега нема информации за повредени лица, ниту меѓу жителите на селото, ниту меѓу пожарникарите кои учествуваат во гаснењето.

Пожарот бил пријавен преку системот 112 во 15:58 часот, по што надлежните служби веднаш биле ангажирани на терен.

Состојбата со пожарот и натаму се следи, а екипите работат на негово локализирање и спречување на понатамошното ширење на огнената стихија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin