
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, а коловозите се суви. Сепак, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.
Од АМСМ ги издвојуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат особено внимателни.

















