УТРО.мк

Национален парк Шар Планина: Една искра може да предизвика голема опасност, апелираат на внимателност

Национален парк Шар Планина: Една искра може да предизвика голема опасност, апелираат на внимателност
Vero

Националниот парк „Шар Планина“ упатува сериозен апел до граѓаните за максимална внимателност по пожарот што вчера избувна во местото Виноград, во подрачјето на КО Ѓурѓевиште, меѓу селата Ѓурѓевиште и Ломница.

Пожарот зафатил околу 0,5 хектари ниска вегетација и пасиште. За среќа, не е причинета поголема материјална штета, а со навремена интервенција на надлежните служби пожарот бил локализиран околу 22 часот.

Од Националниот парк посочуваат дека во услови на високи температури и исклучително сува вегетација, и најмал пожар за само неколку минути може да прерасне во сериозна закана за шумите, природата и блиските населени места.

Особена опасност претставува можноста огнот да се прошири кон тешко пристапните делови на Шар Планина, каде интервенцијата од земја е исклучително отежната, а во одредени ситуации невозможна без воздушна поддршка.

Според првичните сознанија, причината за пожарот е човечки фактор, а увид на местото извршиле полициски службеници. Опожарената површина катастарски е евидентирана како пасиште со кое управува Јавното претпријатие за пасишта и се наоѓа во границите на Националниот парк „Шар Планина“.

Од Националниот парк упатија благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните единици од Гостивар, Боговиње и Тетово, кои со заедничка и навремена интервенција успеале да го стават пожарот под контрола.

„Не палете оган на отворено, не фрлајте отпушоци од цигари и не преземајте активности што можат да предизвикаат искра или пожар“, апелираат од Националниот парк.

Граѓаните, планинарите, посетителите, земјоделците и сточарите се повикуваат доколку забележат чад или пламен веднаш да го пријават случајот, додека пожарот сè уште може брзо да биде локализиран.

„Во вакви временски услови, доволна е една искра за последиците да бидат огромни. Одговорноста е заедничка“, порачаа од Националниот парк „Шар Планина“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin