Проект „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“
Панко Брашнаров е истакнат македонски национален деец и револуционер кој целиот свој живот го посвети на каузата за политичко и национално ослободување на Македонија и македонскиот народ.
Брашнаров е меѓу оние македонски дејци од крајот на 19 век кои ги прифатија левичарските идеи, идеи на кои останува верен до крајот на својот живот.
Во македонската национална меморија останува запаметен како личност која бескомпромисно се залагаше за создавање на македонска држава, во услови кога многумина немаа јасен став за македонското прашање. Затоа Брашнаров е член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, не случајно како делегат на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, одржува говор со емоции кои предизвикуваат восхит и солзи кај присутните на заседанието и со тоа ја отвора работата на собранието.
Извор: НОВА МАКЕДОНИЈА























