Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент до крајот на неделава времето во нашата Македонија ќе биде саончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец а наутро по котлините ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро ќе биде ладно со минимални температури кои на многу места ќе се спуштаат близу нула степени, а особено во Беровскиот регион како и на планинските места температурата наутро ќе се спушта под нулата па така ќе има појава на утрински мраз и на слана. Максималните дневни температури кај нас на многу места ќе се искачуваат до околу 15 степени а на повеќе места тие ќе надминуваат и 15 степени, вклучувајќи го и Скопје и околината каде наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро во Скопје и околината пак температурата ќе се спушта близу 0 степени.























