Старите армиски возила, вклучувајќи ги Хермалините и Пинцгауерите, добиваат нова улога како специјализирани возила за гаснење на шумски пожари. Овие поранешни воени машини се офарбани во препознатливата портокалова боја и адаптирани за потребите на противпожарните служби, пренаменети со посебна опрема и визуелна идентификација.
Меѓу возилата што привлекуваат најмногу внимание е и едно БТР возило, веќе трансформирано во противпожарна единица. Возилото е опремено со резервоар од 6.000 литри вода, поставен на кровот, што го прави исклучително корисно во интервенции на тешко пристапни терени.

Во најновата објава е споделена и ексклузивна фотографија од дел од новооформените возила. На неа не се прикажани БТР возилата, кои беа презентирани во претходна објава, но се очекува и тие наскоро да бидат дел од активната флота.
Пренамената на овие возила е дел од пошироките напори за зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари, особено во предвечерието на пожароопасниот летен период.
Фотографиите се превземени од ФБ страната Македонија – Macedonia