УТРО.мк

Африкански бран ќе ја погоди Македонија: Следат високи температури и силен ветер

Африкански бран ќе ја погоди Македонија: Следат високи температури и силен ветер
Vero

Метеоролозите овојпат не згрешија – по умерените температури во поголемиот дел од јуни, Македонија ја очекува вистински африкански бран со екстремно високи температури.

По релативно пријатниот викенд, од понеделник следува стабилизирање на времето, но и значителен пораст на дневните температури. Според најавите, кон крајот на неделата термометрите ќе покажуваат меѓу 32 и 39 степени Целзиусови.

Синоптичарите предупредуваат дека денеска и утре времето ќе биде сончево, со умерен до засилен северен ветер. Утре на поединечни локации се очекува ветер со брзина поголема од 60 километри на час.

Граѓаните се повикуваат на внимателност и заштита од сонце, особено во најтоплиот дел од денот, како и на редовна хидратација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран