УТРО.мк

Најчестиот комарец во Македонија може да го пренесе вирусот западнонилска треска – бројот на заразени се зголемува

Најчестиот комарец во Македонија може да го пренесе вирусот западнонилска треска – бројот на заразени се зголемува
Vero

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се искачи на 11, додека за уште три лица се очекуваат резултати поради сомнеж за инфекција со вирусот.

Според здравствените власти, вирусот не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец.

Епидемиологот и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, Драган Кочински, за телевизијата Сител изјави дека повеќе видови комарци можат да бидат преносители на вирусот, меѓу кои и кулекс-комарецот, кој е еден од најраспространетите видови во земјава.

Здравствените експерти апелираат граѓаните да преземат мерки за заштита од убоди од комарци, особено во вечерните часови, да користат репеленти, да носат облека со долги ракави и да избегнуваат задржување во близина на застојани води, каде што комарците најчесто се размножуваат.

Западнонилската треска во најголем број случаи поминува со лесни симптоми или без симптоми, но кај постари лица и лица со хронични заболувања може да предизвика сериозни компликации, поради што лекарите препорачуваат навремено јавување кај матичен лекар при појава на висока температура, силна главоболка или невролошки симптоми.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin