УТРО.мк

Наслов:„Безбеден град“ пристигна во Дебрца: Наскоро камерите ќе почнат да снимаат и во Охрид

Наслов:„Безбеден град“ пристигна во Дебрца: Наскоро камерите ќе почнат да снимаат и во Охрид
Vero

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ официјално е ставен во функција на дел од територијата на Општина Дебрца, а во наредниот период се очекува да започне со работа и во Охрид, информираа од Министерството за внатрешни работи.

По успешно завршеното финално тестирање, активирани се безбедносните камери на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа, каде што ќе се врши автоматизиран сообраќаен надзор.

Од МВР најавуваат дека камерите веќе се поставени и на повеќе сообраќајници во Охрид и околината, а во тек се последните технички проверки пред нивното пуштање во употреба.

Според Министерството, системот „Безбеден град“ ќе овозможи поефикасна контрола на сообраќајот, побрзо откривање на прекршоците и подобрување на сообраќајната дисциплина, со крајна цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Од МВР упатија апел до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, истакнувајќи дека одговорното однесување во сообраќајот е клучно за побезбедни патишта низ државата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin