УТРО.мк

Меџити: Во секоја улица и населба во Чаир се работи, инвестираме во инфраструктура и подобар живот за граѓаните

Меџити: Во секоја улица и населба во Чаир се работи, инвестираме во инфраструктура и подобар живот за граѓаните
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека продолжуваат интензивните активности за подобрување на инфраструктурата во општината.

Меџити посочи дека во повеќе населби се реализираат проекти за унапредување на подземната инфраструктура, изградба и реконструкција на улици, тротоари и јавни површини.

„Во секоја улица, во секоја населба, во целиот Чаир се работи. Инвестираме во инфраструктурата, градиме и реконструираме улици, тротоари и јавни простори, со темпо што граѓаните можат да го видат секој ден“, порача Меџити.

Тој нагласи дека приоритет на локалната власт е реализација на конкретни проекти кои, како што вели, носат подобри услови за живот за жителите.

„Ова е нашиот начин на управување – работа, инвестиции и резултати. За нашите градови, за нашите граѓани и за нашата држава. Продолжуваме“, додаде Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin