
Дрон погодил американски танкер за складирање гас кој бил закотвен во пристаништето Дамиета во Египет, на брегот на Средоземното Море, соопшти компанијата за поморска безбедност „Амбреј“.
По нападот, според информациите, уште два танкери за гас во пристанишната зона биле зафатени од пожар. Надлежните служби веднаш реагирале, а ситуацијата подоцна била ставена под контрола.
Компанијата за пристанишни услуги „Инчкејп“ соопшти дека експлозијата предизвикала инцидент во пристаништето, но локалните власти брзо интервенирале.
„Погодените бродови се извлечени од пристанишната зона, а операциите се очекува да продолжат во текот на ноќта преку други пристаништа и терминали“, наведоа од компанијата.

















