УТРО.мк

Битола вложува во училишниот спорт: Нови модерни игралишта за учениците од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

Битола вложува во училишниот спорт: Нови модерни игралишта за учениците од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“
Vero

Во тек се интензивни градежните активности за реконструкција на спортските игралишта во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што учениците наскоро ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.

Реконструктивните зафати започнаа кон крајот на јуни, а по речиси еден месец работа, проектот стигна до фазата на асфалтирање на новите спортски терени.

Ќе бидат обновени три спортски игралишта – едно наменето за кошарка, едно за одбојка, како и комбинирано игралиште за ракомет и мал фудбал. Вкупната површина на трите терени изнесува 2.457 квадратни метри.

За реализација на проектот се обезбедени 18,1 милиони денари од Буџетот на Општина Битола, со што ќе се создадат подобри услови за изведување на наставата по физичко образование и за спортски активности на учениците.

Обновата на спортската инфраструктура во училиштата продолжува и на други локации во градот. Во изминатиот период беа асфалтирани спортските терени во ООУ „Гоце Делчев“, објектот на ова училиште познат како „Турското училиште“, како и во ООУ „Даме Груев“.

Со овие инвестиции, Општина Битола продолжува со унапредување на условите во училиштата и поттикнување на спортот и здравите навики кај младите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin