УТРО.мк

Меџити: Со над 28 милиони денари ја обновуваме Старата скопска чаршија

Меџити: Со над 28 милиони денари ја обновуваме Старата скопска чаршија
Vero

Во Старата скопска чаршија започна реализацијата на проектот за обнова и модернизација на инфраструктурата, со инвестиција од над 28 милиони денари, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Меџити информира дека бил на терен во Старата чаршија за непосредно да го проследи почетокот на работите, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните што Општина Чаир ги реализира во овој историски дел на Скопје.

Работите веќе се во првата фаза, која опфаќа изградба на нова водоводна и канализациска мрежа. Со ова, според најавите, треба да се подобри основната инфраструктура и функционалноста на просторот.

По завршувањето на подземната инфраструктура, проектот ќе продолжи со реставрација на калдрмата, која е еден од препознатливите белези на Старата скопска чаршија.

Предвидено е и поставување ново осветлување во традиционален стил, како и дополнително уредување на јавниот простор.

Целта, според Меџити, е Чаршијата да добие современи услови и подобра функционалност, но притоа да не се наруши нејзиниот автентичен историски идентитет.

„Со инвестиција од над 28 милиони денари, на Чаршијата ѝ ги враќаме функционалноста, современиот стандард и достоинството што го заслужува“, порача Меџити.

Проектот предвидува интервенции и над и под површината, а обновата треба да придонесе за подобри услови за жителите, посетителите и деловните субјекти во еден од најзначајните историски и туристички делови на Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin