УТРО.мк

Црвен аларм во Грција: Моќно невреме се движи кон Солун и Халкидики

Црвен аларм во Грција: Моќно невреме се движи кон Солун и Халкидики
Vero

Грчките власти прогласија висока готовност поради најавеното силно влошување на временските услови, кое во текот на петок и сабота ќе донесе обилни врнежи, силни грмежи, бурен ветер и локална појава на град.

Националната метеоролошка служба на Грција (EMY) издаде итно предупредување, по што Министерството за климатска криза и цивилна заштита го активираше националниот механизам за итни интервенции и воведе „Црвен код“, највисоко ниво на подготвеност.

Под посебен надзор се ставени 11 региони, меѓу кои и Солун, Халкидики, Пиерија, Иматија, Атика, Лариса, Магнезија, Евија, Споради, Тасос, Самотраки и Лемнос.

Според прогнозите, најинтензивни временски појави се очекуваат во северниот и централниот дел на земјата. Силни грмотевични бури се најавуваат за областа на Централна Македонија, каде се наоѓаат Солун и Халкидики, но и за крајбрежните подрачја и островските региони.

Надлежните служби се ставени во состојба на подготвеност, со обезбедување дополнителен персонал, механизација и опрема за евентуални интервенции при поплави, штети или други последици од невремето.

Метеоролозите очекуваат во сабота постепено стабилизирање на времето во поголем дел од континентална Грција, но предупредуваат дека во одделни делови од Егејското Море и понатаму се можни локално силни врнежи, ветер и грмежи.

Властите упатија апел до граѓаните и туристите да ги следат официјалните предупредувања и да избегнуваат непотребни активности на отворено во периодот кога се очекуваат најсилните невремиња.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin