УТРО.мк

Општина Брвеница презема мерки за заштита на граѓаните – следува прскање против комарци

Општина Брвеница презема мерки за заштита на граѓаните – следува прскање против комарци
Vero

Општина Брвеница ги информира граѓаните дека на 30 и 31 јули 2026 година ќе се спроведе теристичка адултицидна дезинсекција против комарци на целата територија на општината.

Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово, а третирањето ќе се врши во вечерните часови, со почеток од 21:00 часот.

Од Општина Брвеница ги повикуваат пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства, поради спроведувањето на третманот.

Воедно, информираат дека доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во првиот нареден погоден ден.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin