
Општина Прилеп информира дека во среда, 29 јули 2026 година, ќе се спроведе втората фаза од превентивната ларвицидна дезинсекција на нејзината територија.
Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, а стручен надзор над спроведувањето ќе врши ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени околу 30 хектари површини со стоечки води и потенцијални жаришта за развој на комарци. Ќе се третираат бари, мочуришта, фонтани, одводни канали, градската река и други водени површини каде постои ризик од појава и размножување на комарци.
Целта на активностите е навремено уништување на ларвените форми на комарците, намалување на нивната бројност и превентивна заштита на јавното здравје, како и подобрување на условите за животната средина.

















