УТРО.мк

Осум повредени во страшна сообраќајка на патот Кичево–Охрид

Осум повредени во страшна сообраќајка на патот Кичево–Охрид
Vero

Три возила учествувале во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото Другово, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а седуммина се повредени.

Несреќата била пријавена вчера во 13:35 часот во ОВР Кичево. Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 76-годишен прилепчанец, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 41-годишен жител на Скопје, и „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 48-годишен жител на селото Грешница.

Со тешки телесни повреди се здобил 79-годишен сопатник во „цитроенот“, додека со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, како и нивните сопатници – 45-годишна жена од село Грешница, 76-годишна сопатничка од Прилеп, 34-годишна жена од Скопје и нејзините две малолетни деца.

На сите повредени им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а причините за несреќата се утврдуваат. 

НАПОМЕНА: Фотографијата е креирана од AI

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin