УТРО.мк

Преведувачката на „Одисеја“ го нападна Нолан: „Филмот нема длабочина, сценариото е катастрофа“

Преведувачката на „Одисеја“ го нападна Нолан: „Филмот нема длабочина, сценариото е катастрофа“
Vero

Преведувачката на познатиот еп „Одисеја“ од Хомер, Емили Вилсон, упати жестоки критики кон новиот филм на режисерот Кристофер Нолан, иако токму нејзиниот превод бил една од главните инспирации за филмот.

Вилсон во рецензија за „London Review of Books“ оцени дека сценариото е „очајно“ и порача дека би се засрамила доколку таа го напишала кој било дел од него.

„На Нолановата Одисеја ѝ недостига многу од она што го прави Хомеровиот еп голем“, напиша таа, додавајќи дека филмот не успева убедливо да зборува за времето, сеќавањето, војната, историјата и последиците од враќањето на еден воин кај своето семејство.

Според Вилсон, приказната нема доволно психолошка, емоционална, политичка и етичка длабочина, а ликовите, како што наведува, немаат убедливи мотиви за своите постапки.

„Пишувањето е катастрофално. Ниту еден лик нема убедлива мотивација за своите зборови и дела“, оцени таа.

Таа сепак признава дека филмот не е досаден, што го припишува на самиот изворен материјал – Хомеровата „Одисеја“, за која смета дека е речиси невозможно целосно да се уништи.

Вилсон го критикувала и изборот на актерската екипа, оценувајќи дека улогите на актерки како Лупита Нјонго и Зендаја се сведени само на поддршка на главниот бел протагонист.

Иако режисерот Кристофер Нолан претходно ја истакна нејзината прва реченица од преводот – „Раскажи ми за тој комплициран човек“ – како важна инспирација за неговата адаптација, Вилсон по гледањето на филмот го променила мислењето.

„Ќе ме беше срам да сум го напишала кој било дел од ова сценарио. За жал, Одисеј во изведба на Мет Дејмон не е ниту комплициран, ниту лукав, ниту снаодлив“, изјавила таа.

И покрај критиките, филмот на Нолан има голем успех кај публиката и критичарите. „Одисеја“ доби високи оценки на платформите за филмски рејтинзи и во првите недели од прикажувањето оствари стотици милиони долари заработка.

Вилсон сепак признава дека филмот има и позитивен ефект – повторно го насочува вниманието кон класичната литература и ги поттикнува луѓето да читаат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin