УТРО.мк

Бракоразводна драма во Скопје: Прво тој ја пријавил сопругата за напад, два часа подоцна таа го пријавила него

Бракоразводна драма во Скопје: Прво тој ја пријавил сопругата за напад, два часа подоцна таа го пријавила него
Vero

Сопружници кои се во бракоразводна постапка меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад по инцидент што се случил во станбена зграда во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 јули, околу 00:15 часот, 25-годишен маж од Крива Паланка пријавил дека претходната вечер, околу 21:00 часот, бил физички нападнат од неговата 31-годишна сопруга од Штип.

Неколку часа подоцна, во 02:30 часот, и 31-годишната жена пријавила дека во истиот период и на истото место била физички нападната од својот сопруг.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin