
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода тројца прилепчани
На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Р.(30), Г.Ј.(32) и С.Н.(33), сите од Прилеп. На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во станот, кој го користел заедно со Г.Ј. и С.Н., при што биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети, грендери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















