УТРО.мк

Кумановка се преврте со четирицикл – тешко повредено 5-годишно дете, повредени уште две лица

Кумановка се преврте со четирицикл – тешко повредено 5-годишно дете, повредени уште две лица
Vero

Куманово, 27.07.2026

Тешка сообраќајна несреќа се случи викендов во кумановското село Доброшане, во која повредени се три лица, меѓу кои две малолетни деца.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 25.07.2026 година околу 20:15 часот, на крстосницата од улиците „Козјачка“ и „Велко Стаменковски“ во с. Доброшане.

  • „30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот“, информираат од МВР.

Во четирициклот со неа се превезувале и нејзините две малолетни деца. Во превртувањето, со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот петгодишен сопатник, додека со телесни повреди се здобиле 30-годишната возачка и осумгодишното дете.

Сите повредени се пренесени во Општата болница во Куманово, каде им е укажана лекарска помош и им се констатирани повредите.

Од СВР Куманово вршат увид и работат на целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin