УТРО.мк

Коњановски се сретна со делегација од Будимпешта, најавена нова соработка

Коњановски се сретна со делегација од Будимпешта, најавена нова соработка
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со делегација од Будимпешта – Дистрикт 18, предводена од градоначалникот Шандор Санисло, на која беше потврдена заложбата за натамошно унапредување на долгогодишната соработка меѓу двете општини.

На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски, секретарот на Општината Борче Димитровски, соработникот за култура и спорт Александар Стефановски, раководителката на одделение Цветанка Ристевска, како и заменик-градоначалникот на Дистрикт 18 Петер Корош, главниот административен службеник Роберт Роњец и раководителот на одделение Јанош Сентецки.

Коњановски ги запознал гостите со богатото историско и културно наследство на Битола, со значајните фестивали што се организираат во градот, економските потенцијали, меѓу кои и индустриската зона „Жабени“, како и можностите за понатамошен развој на туризмот.

Како што беше истакнато на средбата, пријателските односи меѓу Битола и Будимпешта – Дистрикт 18 траат веќе 26 години и започнале преку соработката на КУД „Илинден“ од Битола и Фондацијата за танцова уметност „Теблаб“, која и оваа година е дел од фестивалот „Илинденски денови“.

На состанокот беше договорена возвратна посета на делегацијата од Битола во септември, кога ќе се прецизираат и новите активности за продлабочување на соработката меѓу двете општини во повеќе области.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin