УТРО.мк

МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Кој може да добие 18.000 денари месечно?

МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Кој може да добие 18.000 денари месечно?
Vero

Министерството за образование и наука објави конкурс за 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година. Пријавувањето трае од 6 до 20 ноември 2026 година и се врши исклучиво електронски преку порталот за е-услуги на МОН.

Вкупниот број стипендии останува ист, но со новиот модел тие се распределени во три категории:

  • 1.200 стипендии за социјална поддршка.Во оваа категорија првпат се предвидени по 50 стипендии за студенти со попреченост и за студенти со ретки болести. Месечниот износ е6.050 денари.
  • 1.050 стратешки стипендии.Наменети се за студенти запишани на програми по математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Месечниот износ е18.000 денари.
  • 750 стипендии за висок академски успех.Наменети се за студенти со просек од најмалку8,50, а месечниот износ е6.050 денари.

Стипендиите се исплаќаат девет месеци во годината. Од МОН информираат дека одделно е во тек и пријавувањето за 15 стипендии за студии по македонски јазик, како и конкурсот за поврат на средства за купен музички инструмент.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран