УТРО.мк

Плаќате викендов? Банките најавуваат можни прекини пред новите правила од понеделник

Плаќате викендов? Банките најавуваат можни прекини пред новите правила од понеделник
Vero

Дел од банкарските услуги викендов, на 7 и 8 ноември, може привремено да бидат недостапни поради планирани технички приспособувања. Македонската банкарска асоцијација соопшти дека сите банки ги подготвуваат системите за новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември.

Можните прекини и ограничувања се однесуваат особено на платежните трансакции. Секоја банка посебно ќе ги извести клиентите кои услуги ќе бидат засегнати, во кои термини и колку се очекува да траат ограничувањата. Асоцијацијата ги повикува граѓаните и фирмите што имаат плаќања со рок викендов да ги проверат известувањата на својата банка и навреме да ги планираат уплатите.

Од понеделник се воведуваат нови платни налози и шифри за намената на плаќањата, а денарските сметки ќе се прикажуваат во ИБАН-формат. Постојните броеви на сметките остануваат исти. Банките ќе го приспособат нивниот приказ во електронското и мобилното банкарство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран