УТРО.мк

Шведска се враќа на книгите и тетратките: Помалку таблети, повеќе пишување со рака

Шведска се враќа на книгите и тетратките: Помалку таблети, повеќе пишување со рака
Vero

Шведска го менува пристапот кон дигитализацијата на наставата. По години во кои таблетите и компјутерите добиваа сè поголемо место во училниците, образовните власти повторно ставаат акцент на печатените учебници, читањето книги и пишувањето со рака.

Промените доаѓаат поради загриженоста дека прекумерната употреба на екрани може да влијае врз концентрацијата, читањето и усвојувањето на основните знаења. Како дел од новиот пристап, шведската влада во 2026 година издвои 555 милиони шведски круни за набавка на учебници и други наставни материјали.

Кај најмладите, во предучилишното образование, употребата на екрани е построго ограничена, а предност добиваат читањето, играта и непосредната комуникација. Во училиштата се воведени и построги правила за мобилните телефони за да се намали одвлекувањето на вниманието за време на наставата.

Компјутерите и таблетите и натаму ќе се користат кога имаат јасна наставна цел. Со промените, Шведска сака печатените учебници и пишувањето со рака повторно да имаат поголема улога во секојдневното учење.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран