
И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“.
Од јавното претпријатие најавија дека целиот приход од испратените пораки ќе биде префрлен во приходите од хуманитарните паркинзи. Во соопштението не е наведен износот на собраните средства.























