
Премиерот Христијан Мицкоски побара МВР да реагира на нападите меѓу малолетници во Тетово, кои се снимаат и се објавуваат на ТикТок. Тој рече дека, согласно законот, треба да одговараат и малолетниците што ги извршиле нападите и нивните родители.
На новинарското прашање дали има информации за конкретните случаи и дали полицијата постапила, Мицкоски упати одговор да се побара од Министерството за внатрешни работи.
„Прашањето ќе го поставите до МВР, ќе ви дадат одговор. Инаку, апсолутно треба да реагираат не само со малолетниците што напаѓаат, туку и со нивните родители и согласно закон треба да одговараат“, рече Мицкоски























