УТРО.мк

Меџити потврди: Хоџа на чело на екологија, Сали прв вицепремиер

Меџити потврди: Хоџа на чело на екологија, Сали прв вицепремиер
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде новиот министер за животна средина и просторно планирање. Во изјава за медиумите, Меџити истакна дека Беким Сали ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер, додека дополнително ќе се утврди кој ресор ќе го води покрај таа позиција.

„Нема да има реконструкција, туку пополнување на позициите. Тие се финализираат. Познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер и во наредните денови ќе се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. Министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа“, изјави Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна порача дека секој партнер во коалицијата ќе го задржи истиот број на ресори и дека нема да има дополнителни министерски позиции. Засега во игра се неколку имиња за пополнување на испразнетата вицепремиерска функција и за ресорот животна средина, од кои дел од позициите, според најавите, се веќе договорени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран