Четвртата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, во организација на Комората на овластени архитекти и инженери, се одржа во Офицерски дом во Битола. Годинешната тема „Архитектурата утре“ го стави во центар вниманието развојот на современите пристапи во планирањето и обликувањето на просторот.

Претседателот на Комората, Дејан Метикош, и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се обратија пред присутните учесници. Коњановски ја истакна важноста на архитектонската професија и нејзиното влијание врз квалитетот на животот.
„Останете креативни во ‘Архитектурата утре’, затоа што Вашиот потенцијал му е потребен на целото општество. Зградите што ги создавате, улиците и плоштадите што ги планирате, парковите што ги осмислувате… се дел од нашето секојдневие. Колку е поквалитетен просторот околу луѓето, толку е подобар нивниот живот и нивното здравје“, порача Коњановски.

На средбата присуствуваа бројни домашни и меѓународни експерти, кои преку предавања понудија поглед кон иднината на архитектурата и урбанизмот. Во рамки на настанот ќе биде прикажан и документарниот филм „Начинот на Чипан“.





![[ФОТО] Над 800 присутни велешани на хуманитарниот концерт за семејството Јовевски, досега собрани 200 илјади денари](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/192db6b2-2efe-4399-a814-392d3a40412e-1536x1536-1-1000x600.jpg&w=640&q=75&we)

















