Градоначалникот на Општина Ресен и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, денес во Ресен го потпишаа заедничкиот протокол за соработка, со кој двете општини ја потврдија својата посветеност кон заштитата на природните и културните вредности на Преспанскиот регион.
Документот акцентира дека за зачувување на екосистемот на Преспа и за унапредување на квалитетот на живот на локалното население се неопходни координирани прекугранични напори. Протоколот опфаќа соработка во областите на заштита на животната средина, развој на инфраструктурата, промоција на туризмот и зачувување на богатото природно и културно наследство.
Со потпишувањето, Ресен и Пустец се обврзуваат на заедничко планирање и реализација на проекти, подобрена координација во обезбедувањето финансиски средства, како и јакнење на институционалната соработка во превенцијата и управувањето со ризици.





![[ФОТО] Над 800 присутни велешани на хуманитарниот концерт за семејството Јовевски, досега собрани 200 илјади денари](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/192db6b2-2efe-4399-a814-392d3a40412e-1536x1536-1-1000x600.jpg&w=640&q=75&we)

















