На 27.11.2025 во 22:35 часот на регионалниот пат с.Желино-с.Јегуновце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го приведоа А.Л.(42) од с.Шемшово, кој бил сопатник во патничко возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од И.Ш.(42) од истото село, затоа што при преглед на возилото, А.Л. агресивно се однесувал кон полициските службеници и ги омаловажувал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.























