УТРО.мк

Исчезнати две малолетнички од Штип – родителите со полицијата трагаат по нив

Исчезнати две малолетнички од Штип – родителите со полицијата трагаат по нив
Vero

На 26 ноември 2025 година, околу 22 часот, во СВР Штип било пријавено исчезнување на две малолетнички од градот. Случајот го пријавиле нивните родители, С.М. (39) и Ѓ.М. (31) од Штип, кои информирале дека нивните ќерки, 15-годишната Ѓ.М. и 13-годишната Б.М., се оддалечиле од семејниот дом и не се вратиле.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на девојчињата, а за случајот се известени сите надлежни служби.

Полицијата апелира доколку некој има информации што можат да помогнат во потрагата, да го извести најблиското полициско одделение или да се јави на телефонскиот број 192.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран