Скопјанка на возраст од 50 години пријавила дека била измамена за 200.000 денари од лице кое требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор.
Според информациите од СВР Скопје, вчера (26.11.2025) во 11:40 часот, 50-годишната жена пријавила дека В.Н. зел пари за работите, но по добивањето на сумата повеќе не одговарал на нејзините повици.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето.























